X
 06.05.2017 Живот

Зошто на тинејџерите им е потребен строг родител?

Кога слушате за немили настани на тинејџери можеби коментирате дека нивните родители не биде доволно строги со нив. Но, дали Вие сте строги со Вашите деца?

Познато е дека строгите родители резултираат со успешни деца. Но, да се биде строг не само што е тешко, туку е и против природните инстинкти да се сака, заштитува и рaзгалува детето. Секој родител сака детето да биде среќно, но за долгорочна среќа, можеби ќе треба да се поднесе жртва.

Опасноста да се биде „кул“

Како што растат децата сѐ помалку Ве гледаат како херој, а сѐ повеќе како нивен шеф. Некои родители се обидуваат да ги сакаат истите работи што и нивните деца, оритоа давајќи им целосна слобода. Но, дете без граници и правила нема да научи да ги почитува авторитетите на училиште, на работа и во општеството воопшто. Таквото дете нема да научи ни да биде трпеливо и скромно, нема да успее да се справи со силните емоции, ниту пак со издржливоста која доаѓа од неуспехот.

Три клучни начини да се биде строг родител

Ако родителите веќе биле попустливи голем предизвик е повторно да станат авторитет за своето дете. Постојат три главни области во кои строгоста е од огромно значење. Започнете со нив:

Задолженија – Започнете со утврдување на правила во Вашиот дом. Дајте му на Вашиот тинејџер листа со задолженија и одговорност за на пример, одреден дел од домот. И тогаш мора да бидете строги. Очекувајте одбивање на почетокот, но останете смирени. Тоа може да се случи ако претходно сте се обидувале да бидете „кул“.

Технологија – зависноста од технологијата е реална и децата имаат бенефит ако имаат родител кој е строг за оваа тема. Не мора да го надгледувате секој нивен чекор или да ги држите настрана од неа, но морате да ги држете уздидте. Одлучете што е прифатливо, а што не во Вашиот дом за да им биде јасно и на Вашите деца.

Последици – најнапредното ниво на тоа да се биде строг родител и справувањето со последиците. Особено е важно родителот да му овозможи на детето да се справи со последиците од своите избори. Тие не мора да бидат катастрофални. Притоа, внимавајте да не ги спасувате во тие ситуации. Ако втор пат го заборави ручекот дома, ќе мора да јаде кога ќе се врати од училиште. Тие можат и знаат да бидат одговорни, но само ако им дозволите да научат.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот