X
 17.07.2017 Здравје

Денешните тинејџери се бавни како старци

Едно истражување направено од стручњаци од Балтимор покажало дека деветнаесетгодишните тинејџери се толку бавни, што може да се споредат со личности кои имаат над шеесет години.

Меѓу 50 и 75% од адолесцентите не се хранат здраво, пасивни се и не се заинтересирани за спорт. Научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ за неактивноста на младите ги обвинуваат социјалните мрежи.

Во истражувањето учествувале 12.529 адолесценти чија активност е мерена со уред за следење, по што истражувачите заклучиле дека е неопходно да се преземат мерки на ниво на образование за активноста кај младите да се зголеми.

„Мора да се најде начин да се распоредат дневните обврски за младите да имаат повеќе време за спорт“, вели Вадим Зипуњиков, еден од авторите на истражувањето.

Иако Светската здравствена организација препорачува минимум еден час физички активности дневно, 20% од момците и 50% од девојките не се придржуваат кон оваа сугестија. Децата и младите меѓу 12 и 19 години во најголем процент се физички активни помалку од 60 минути дневно.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје