X
 29.08.2019 Наука

Науката даде одговор на прашањето зошто и на 24 години се чувствуваме како тинејџери

Дали 24-годишниците може да се квалификуваат како тинејџери? Според истражувањето на австралиските научници, може.

Врз основа на добиените резултати, традиционалниот период на адолесценција, кој ја дефинира возраста од 10 до 19 години, научниците ја продолжиле до 24 години. Младите до 24 години во иднина ќе се нарекуваат тинејџери, иако во зборот што ја означува нивната возраст го нема „тин“ (teen).

Идејата адолесценцијата да се продолжи не е нова бидејќи минатата година научното списание „Развој на децата“ утврди дека современите тинејџери се многу помалку вклучени во работите што може да се каже дека ги одредуваат како зрели личности, како генерациите од пред 20 години.

Списанието, кое анализирало податоци добиени со испитување на околу 8 милиони млади од 13 до 19 години во период од 1976 до 2016 година, чија цел била да се дознае што прават кога не се на училиште, открило дека по дваесеттата година почнале да учат да возат, да извршуваат ситни задачи (чистење, уредување на градината...), па дури и почнале да одат на состаноци со припадниците од другиот пол.

На пример, денес еден од четири средношколци нема возачка дозвола кога ќе заврши средно образование, додека неговите врсници од пред 20 години возеле во последната година од средно образование. На радост на родителите, младите денес имаат и помалку секс.

На прашањето дали актуелните матуранти се подготвени да живеат сами, психолозите велат „не“. Неколку истражувања што се занимавале со прашањето зошто денес младите подоцна стануваат зрели личности откриваат дека за тоа се виновни рецесијата и лошата состојба во економијата, бидејќи сè помалку студенти ги завршуваат студиите и имаат студентски долгови и затоа живеат со родителите.

Рамноправноста меѓу половите го одложи и времето за стапување во брак, а со тоа и раѓањето деца. Сите истражувачи велат дека одложувањето на созревањето е последица и на современите паметни телефони бидејќи сега 75 отсто од тинејџерите имаат паметни телефони и тоа од сите социјални слоеви.

Мобилните телефони ги натераа дури и помладите од 10 години и постарите од 18 години  најголем дел од времето да го поминат пред екран, што им го наруши социјалниот живот надвор од родителскиот дом.

Зошто да се најдат во некое кафуле или парк кога може да се дружат со девојка преку телефон? Зошто да возат кога со помош на телефонот може да повикаат евтин „Убер“? Зошто да имаат секс кога можат да гледаат на веб-страници за возрасни?

Има и корист од продолжената адолесценција бидејќи има помалку непосакувани бремености, помалку се пие алкохол, имаат поголема способност за помнење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука