X
 06.05.2019 Култура

Биби, Боби и Зази подготвени за Саемот на книгата!

Биби, Боби и Зази ги сакаат книгите. Затоа од 8 до 14 мај на Саемот на книга во ВИП Арена „Борис Трајковски“ децата ќе можат да го откријат „Светот на Биби“. Богата програма и интерактивни содржини ќе понуди тимот што ги создава сезнајката Биби и нејзините другари Боби и Зази.

На штандот на Биби ќе пееме, ќе читаме, ќе играме едукативни игри, ќе гледаме нова сказна со јунаците од „Светот на Биби“, овој пат посветена на роденденот на Биби.

Клик за поголема резолуција


Секој ден ќе почнуваме во 11 часот и децата ќе можат да цртаат, да бојат, да дознаат како се црта Биби.
На 8 мај во 10 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи од конкурсот што го распишавме за цртеж инспириран од роденденот на Биби. На 9 мај во 18 часот ќе ја промовираме демо-верзијата на едукативната игра „Игра на знаење“. Станува збор за забавна игра наменета не само за децата, туку за целото семејство. Еден час подоцна ќе следува потпишување на делата од авторите Билјана Црвенковска и Михајло Димитриевски -Тхе Мичо.
Наредниот ден во 18 часот ќе организираме и натпревар во играње на едукативната игра „Игра на знаење“. Најдобрите ќе добијат награди.


В сабота во 17 часот ќе се одржи средба со писателката Билјана Црвенковска и режисерот Гоце Цветановски. Веднаш потоа ќе ја промовираме роденденската песничка на Биби, а ќе следува и ексклузивна премиера на новата сказна „Најнеобичен ден - на Биби роденден!“
На тема правилно пишување в недела, 12 мај, во 17 часот ќе организираме разговор со наставнички од ОУ„Аврам Писевски“ од с. Бардовци, Скопско, и со писателката Билјана Црвенковска. Половина час подоцна ќе следува промоцијата на нашите изданија „Пишуванка“ и „Тетратка за почетно пишување“.
Нашата музичка колекција ќе биде збогатена со нова песна - „Светот на Биби е шарен цел“, која ќе ја промовираме во 18 часот.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура