X
 06.05.2019 Образование

Какво образование има новиот македонски претседател

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски е четвртиот претседател на самостојна Македонија што е дипломиран правник. Само Бранко Црвенковски има завршено Електротехнички факултет, а Правен факултет завршиле Киро Глигоров, Борис Трајковски и Ѓорѓе Иванов.

Стево Пендаровски дипломирал на Факултетот за правни и политички науки „Јустинијан Први“ во Скопје во 1987 година. Mагистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при УКИМ, на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици“, а докторирал на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“.

Од 2008 година предавал неколку предмети на „Американ колеџ“. Станува збор за меѓународна безбедност, меѓународни односи, вовед во политика, глобализација, геополитика, надворешната политика на САД, надворешната и безбедносна политика на ЕУ и др. На интернет-страницата на универзитетот колегите му посакаа „мудрост и сила во реализацијата на неговите обврски во полза на македонскиот народ“.

Четворицата претседатели со завршен Правен факултет
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование