X
 17.04.2019 Култура

Одлогирај се и читај книга - „Просветно дело“ столб на 31. Меѓународен саем на книгата!

Издавачката куќа „Просветно дело“ традиционално ќе учествува на 31. Меѓународен саем на книгата од 8 до 14 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Нивното мото за оваа година е „Одлогирај се и читај книга“, па така оттаму ни препорачуваат сите да се одјавиме од социјалните мрежи и за време на саемските денови да го посетиме штандот на „Просветно дело“ – издавачка куќа чија традиција од 1945 година претставува главна движечка сила на издаваштвото во Македонија!

Во периодот меѓу двата саема „Просветно дело“ реализира богата издавачка програма составена од многубројни изданија за деца, енциклопедии, лиценцирани едукативни книги со врвен квалитет, според најновите светски стандарди, како и од романи од најпознатите и најзвучни домашни и странски автори. За време на саемските денови ветуваат голем број промоции, случувања и забава, па така, во името на пишаниот збор, за време на саемот читателите ќе имаат можност да се дружат со автори, илустратори и да бидат дел од најавените настани. Со цел промовирање и поддршка на читањето книги, „Просветно дело“ ќе обезбеди вртоглави попусти на своите изданија, како и голем број други изненадувања.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура