X
 06.05.2021 Образование

Иницијаторите на бојкотот на наставата ќе имаат средба со претставници на МОН

Претставници на неформалната фејсбук-група  „Учебници и настава мора да има“, која повикува на бојкот на наставата, денеска ќе имаат средба со претставници на Министерството за образование и наука-МОН за да ги презентираат своите барања. Драгана Спасевска од фејсбук-групата објави дека се поканети денеска да имаат средба со претставници на МОН.

Нивните барања и најавата за бојкот беа соопштени минатата среда пред МОН. Бараат да се организира јавна расправа за предложениот закон со кој се планира воведување на дигитални учебници, а нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции. Според нив, предлог-законот не ги решава проблемите што постојат во образованието и генерира нови, има и недоследности и импликации во останатите закони што се однесуваат на образованието во земјава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование