Шведскиот производител на мебел ИКЕА влегува во партнерство со американскиот стартап „Ори“ за да создаде линија роботски мебел и да им овозможи на луѓето да си го создадат домот од соништата во мал простор.
Линијата на мебел оптимизира ограничен број квадратни стапки преку претворање на просторот во модуларен и адаптибилен простор за живеење. На видео може да се види комбинација од кауч и плакар која може да сокрие кревет и со тоа да се заштеди простор.
Системот може да оди напред-назад благодарение на тркала со кои се оперира со само едно копче.
Сè на сè, новиот стил „трансформери“ може да сокрие кревет, софа, плакар, па дури и биро во простор од само 10 квадратни метри.
Роботскиот мебел ќе биде пуштен во продажба следната година. Се очекува летово од ИКЕА да објават повеќе информации за
новината.