„Фејсбук“ официјално најави воведување на интересни дополнителни опции за камерата, кои планира да ги воведе во својата популарна апликација за допишување, „Месинџер“.
Освен целосната поддршка на бумеранг-снимките, тука е и селфито со автоматско замрачување на заднината.
Исто така, отсега ќе има можност за вметнување налепници во фотографиите и снимките.
Со воведувањето на овие новини ќе има 5 опции за снимање содржини: нормална фотографија, видео, текст, бумеранг и селфи. Новите опции ќе бидат достапни на дното од
екранот.