Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температурата утре ќе се движи од 10 во Берово до 16 во Гевгелија, додека максималната температура ќе биде меѓу 24 во Маврово до 33 во Гевгелија. Во Скопје слично време со температури од 13 до 30 степени.
Во текот на викендот нè очекува променливо облачно време со температури од 28 до 35 степени. Од понеделник нè очекува облачно време со температури од 25 до 33 степени, проследено со грмежи и краткотраен дожд.
Извор: МИА