Во понеделник не очекува свежо утро со пониски температури кои ќе се движат од 4°C до 14°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и источните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Дневните температури иако ќе бележат благ пораст сепак ќе бидат пониски од просечните за овој период од годината и ќе се искачат до 18°C односно до 28°C. УВ индексот вредност 7.
Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 11°C, а максималната дневна до 25°C. УВ индекс 7.
Постудено утро не очекува и во втроник. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 22°C односно до 32°C.
Во среда ќе имаме пораст на утринските температури кои што ќе бидат во интервал од 8°C до 17°C. Во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, а во попладневните часови зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен западен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 32 степени.
Извор:
weather4all.com.mk