Денес е вторник, 17 јануари 2017 година, 17-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:34 часот. Денот ќе трае 9 часа и 42
минути.
Врнежите од снег кои што ги имавме во текот на ноќта понеделник кон
вторник продолжуваат и ова утро речиси насекаде во Македонија со и се со
слаб интензитет, со исклучок во Гевгелија каде што врнежите од снег
преминуваат во врнежи од додж.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно облачно време со
повремени и слаби врнежи од дожд и снег, а врнежи од снег се очекуваат
над 500 метри надморска висина. Додека пак во крајните јужни и
југоисточни предели врнежите ќе бидат од дожд. Треба да напоменеме дека
се работи за сосема слаби врнежи кои претежно ќе бидат застапени во
утринските и во вечерните часови. Ќе дува доумерен слаб североисточен,
источен и југоисточен ветер. Утринските температури од -6 до 1 степен,
додека пак максималните дневни ќе достигнат до -3 односно до 6 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно време со слаби
врнежи од дожд и снег, снег пред се во утринските додека пак врнежи од
дожд во вечерните часови. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура
од -2 степени, додека пак максималната дневна до 2 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните 2 дена односно во среда и четврток
Македонија ќе биде под влијание на Медитерански циклон кој што ќе услови
нестабилно време претежно со врнежи од снег, а врнежи од дожд и снег ќе
има само во најтоплите јужни предели. Дневните температури од -4 до 5
степени во среда, односно од -5 до 4 степени во четврток. Во петок и
сабота во утринските часови појава на магла која во одделни котлини ќе
се задржи и во текот на денот, а во останатите предели ќе биде умерено
облачно со повремени сончеви периоди и студено со пад на температурите.
Во петок утринските од -9 до -1 степен а максималните од -3 до 6
степени, додека пак во сабота минималните од -11 до -3 додека пак
дневните од -5 до 4 степени.
Weather4all.com.mk