X
 06.06.2019 Живот

Промовирана Европската младинска картичка

Младите од 15 до 29 години ќе добиваат поволности и попусти за купување, пристап до едукативни центри, културни и спортски настани, како и патувања во земјава и во странство со Европската младинска картичка. Премиерот Зоран Заев на промоцијата рече дека Европската младинска картичка ќе ги поттикне младите повеќе да бидат мобилни, да се информираат и го осознаваат своето место во средината и со тоа да бидат активни чинители во својата средина.

 - Ова е одлична можност за долгорочно отпочнување на процеси преку кои со една единствена картичка ќе може да плаќаат преку интернет, да вадат пари од терминалите, нивните вештини да бидат меморирани на картичката, со еден збор тоа да биде нивното CV и европска легитимација - изјави Заев.

Можностите и начинот на добивање на Европската младинска картичка денеска пред младите на настан во Скопје ги претставија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

За картичката ќе се аплицира онлајн и ќе може да се подигне на повеќе локации или да биде испратена по пошта.

Во проектот досега се вклучени околу 500 субјекти, како што се кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, железница и други кои ќе дадат одредени попусти во нивните услуги. АМС има склучено меморандум со сите овие субјекти и ќе им биде дадена една налепница што ќе ја залепат на своите објекти.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот