X
 06.07.2018 Живот

Знаете ли која земја има најмногу временски зони?

На светот постојат 24 временски зони, а една држава може да се протега низ повеќе, на пример САД, кои само на копното имаат четири, плус петта на Алјаска. Тоа не нè чуди со оглед на тоа дека станува збор за голема држава. Но, која држава има најмногу временски зони?

Временските зони ги предложил Канаѓанецот Сандфорд Флеминг поради потребата железничките компании да имаат исто локално време меѓу железничките станици.

Временските зони првпат се воведени на 18 ноември 1883 година кога железниците на САД и Канада први воспоставиле временски зони. Така веќе немало збрки. Светското воведување на временските зони настапило следната година.

Денес во светот постојат 24 временски зони, а една земја може да има повеќе, како што се САД, кои само на копно имаат четири. Многу луѓе би помислиле дека Русија има најмногу временски зони бидејќи се простира на два континента - Европа и Азија. Но одговорот е поинаков и изненадувачки.

Франција има најмногу временски зони.

Зошто?

Франција се наоѓа во зоната на средноевропско време, како и остатокот од Централна Европа. Но, таа ја добила титулата поради големиот број поранешни колонии, денес француски прекуморски територии. Меѓу нив се Гваделупе на Карибите, Ла Реунион во Индискиот Океан и Француска Полинезија во Тихиот Океан.

Следните две земји со најмногу временски зони се САД и Русија, секоја со по 11.

Исто е и во случајот со САД, тоа е поради прекуморските територии, на пример, Хаваите во Тихиот Океан.

Во однос на Русија, тука веќе станува збор за големиот простор што се протега од 'ртот Дежњов на исток, до Псковската област, која на запад се граничи со Естонија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот