X
 03.09.2020 Наука

Што претставува отровот новичок?

Германските власти соопштија дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил затруен со нервниот агенс новичок. Биле направени тестирања во специјализирана воена лабораторија по донесувањето на Навални во Берлин откако му се слошило при лет во Русија на 20 август.

Тимот на Навални ја обвини руската влада за труењето, тврдејќи дека некој му го ставил отровот во чајот.

Ова е втор напад што се поврзува со нервните агенси од групата новичок по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, во 2018. Таткото и ќерката преживеале, но една жена подоцна починала по контакт со шише парфем во кое бил нервниот агенс. Русија негира каква било вмешаност во настаните.


Фото: Александар Навални/Wikipedia

Што, всушност, се нервните агенси од групата новичок?

Хемиските агенси биле забранети со Конвенцијата за хемиско оружје од 1997. Се смета дека овие агенси може да бидат 5 до 10 пати посмртоносни од саринот и VX. Професорот по токсикологија Аластер Хеј објаснува дека хемискиот агенс бил создаден и истражуван од поранешниот Советски Сојуз и од она што се знае од официјални извори, Русија најмногу се интересирала за него.

Нервните агенси новичок може да се внесат преку исхраната, да се вдишат или да влезат преку очите или кожата и се отровни на секој начин на кој се внесени. Во 2018 г. британските истражувачи изјавиле дека хемикалиите новичок веројатно биле намачкани на рачката на вратата од домот на Сергеј Скрипал. Ова била првата регистрирана употреба на нервниот агенс.

Според Хеј, отровот бил искористен во нападот на Скрипал бидејќи напаѓачот се надевал дека ќе биде тешко да го откријат. Потребна е напредна опрема за откривање на хемикалиите бидејќи дури и мало количество од отровот е многу опасно. Мала доза може да биде смртоносна, а според Хеј, тоа веројатно била целта во случајот на Скрипал и Навални.

Автор: Александар Морган
Извор: euronews.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука