X
 21.05.2015 Култура

Тајната за велосипедскиот успех на Филаделфија

Филаделфија не е највелосипедискиот град во САД, но во градот повеќе од еден милион луѓе користат велосипед како превозно средство. Тоа е повеќе од Чикаго и Њујорк. Зошто градот е толку добро место за возење велосипед? Тој ги нема најдобрите велосипедски патеки во државата. Но, градот сепак се чини како создаден за велосипеди.


Тесните улици кои некогаш биле наменети за пешачење, ја ограничуваат брзината на возење, што е добро за велосипедистите. На многу начини, Филаделфија изгледа како европски град.

Освен тоа, градот е релативно рамен и компактен - голем дел од жителите живеат близу до работното место. Згора на тоа, се градат и нови патеки за велосипеди, а од изминатиот месец жителите имаат можност да користат градски велосипеди.



Идејата е на градот, чиј цел е да поттикне повеќе луѓе да возат велосипеди. Местата на велосипедите се специјално одбрани за до нив да имаат пристап жителите во сиромашните населби.

Сето тоа придонесува кон зголемување на свеста кај жителите за поволностите на возењето велосипед до работа, училиште или без особена причина. Браво, Филаделфичани.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура