X
 06.08.2019 Спорт

Бил подобар од Роналдо, а сега е в затвор поради дрога

Ако мислите дека јас сум добар, почекајте да го видите Фабио Паим, изјави славниот Кристијано Роналдо кога ѝ се приклучи на екипата на Манчестер јунајтед во 2003 година.

Денес, 16 години подоцна, Роналдо е вистинска ѕвезда во Јувентус, додека перспективниот Паим моментално е в затвор. Овој 31-годишен фудбалер е уапсен задно со 43-годишна жена откако полицијата им ги прислушувала телефоните и заклучила дека разговараат за трговија со дрога. При претресот на куќата во португалскиот град Алкоитао биле запленети 12 грама кокаин, чија пазарна вредност е 900 евра, како и автомобил „бе-ем-ве“.

Паим мина низ сите младински категории на националниот тим, одигрувајќи 42 натпревари, но никогаш не заигра за А-репрезентацијата на Португалија. Тој ја почна кариерата во Спортинг, а во текот на 2008 година беше четири месеци на заем во Челси, но и таму не успеа да влезе во најдобрата постава.



Јасно е дека за успех не е доволен само талент.

- Кога денес би ми се случило истото, би бил потрпелив. Во тоа време, колку повеќе слободно време имав, толку повеќе се глупирав - истакна Паим во интервју во 2017 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт