X
 06.10.2020 Образование

Родители, млади и деца можат да побараат психо-социјална помош на телефонски број

Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители. Намената на телефонскиот број е во време на пандемија да се даде психо-социјалната поддршка како помош за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. 

Телефонскиот број 072 912 676 е достапен секој ден од 09:00 часот до 19:00 часот и на истиот, секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование