Министерството за образование и наука објави
јавен конкурс за доделување еднократна награда во висина на една просечна нето-плата исплатена во последниот месец на наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во земјава кои претходната година објавиле научен труд во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите Web of Science на Clarivate Analytics (претходно на Thomson Reuters) или CiteScore на Scopus од Elsevier.
Барањето со придружната документација го поднесува субјектот за вршење на научноистражувачка дејност во кој е вработен авторот на домашен научноистражувачки труд, објавен во меѓународно научно списание.
Авторот/авторите што ќе аплицираат на овој конкурс треба да се регистрирани (пред да аплицираат) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил; да го објават наградениот научноистражувачки труд (согласно авторските права на издавачот) во репозиториумот на матичниот факултет/универзитет најдоцна во рок од три месеца по објавувањето на конечната листа за финансирање на интернет-страницата на Министерството за образование и наука.
Јавниот конкурс трае до 15 септември 2020 година.