X
 06.10.2021 Живот

Родители држат места во градинките додека стотици деца се на листа на чекање

Во детските градинки во државата се згрижуваат деца согласно протоколите поради пандемијата на ковид-19, а усвоени од Комисијата за заразни болести. Во јасли се згрижуваат по максимум 15 бебиња, а во поголемите групи има по максимум 25 деца. Она што се случува и оваа година, според директорките со кои разговаравме, е тоа што има родители кои не си ги носат децата во градинка иако ги запишале. Станка Буџакова, директорка на градинката „Весели цветови“, вели дека во оваа градинка има 160 деца кои се на листа на чекање.

- Поголеми групи се составени од по 25 деца, а во јасли има по 15 деца максимум. Кога би немало мерки, ќе можевме сите да ги примиме, но ситуацијата е таква каква што е. Ако беа нормални условите, имаме одобрение од Советот на Општината да може да запишуваме број на деца и над нормата. Конкретно кај нас, но и во поголемиот број градинки, капацитетот кој е предвиден по протокол не е исполнет. Еве ние, според новите протоколи, можеме да примиме 880 дечиња, но ни доаѓаат 450, а тоа е околу 60 отсто од капацитетот. Родителите ги држат местата - вели директорката.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот