Од први август градинките во главниот град на Германија се бесплатни. Во Берлин падна одлука родителите чии деца одат во градските градинки веќе да не плаќаат за тоа.
Мерката беше најавена минатиот месец, а сега стапи на сила.
Според берлинската сенаторка за семејни прашања, Сандра Шерес, градинките се образовни установи, а образованието мора да биде организирано без плаќање надоместок.
Според известувањата на медиумите, градинките се бесплатни во околи една третина од германските сојузни покраини, а крајната цел е целосно укинување на тој
надоместок.