X
 01.09.2020 Образование

Градинките почнуваат со работа на 9 септември


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детски градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија со Ковид-19, кое е планирано да отпочне од 9 септември 2020 година. До тогаш градинките се должни да се подготват за работа.

-Согласно заклучоците за ова прашање, Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку имаат потреба од згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца. Тие треба и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со Ковид-19, доколку имаат потреба од итни и неодложни работи за непречено функционирање – информираат од Владата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование