X
 06.11.2016 Живот

Неколку интересни производи кои не сте помислиле дека ги има во ИКЕА

Свежи стапчиња цимер, мебел по поволни цени – има многу работи кои ве тераат да ја сакате ИКЕА. Формирана во 1943, шведскиот гигант израсна во империја за креирање добар дизајн, сензибилност и трајност на производите.

Во ИКЕА можете да пронајдете и предмети кои никогаш не би се сетиле да ги побарате. Еве неколку од нив :

Фрижидери – Во ИКЕА можете да си купите парчиња мебел за нова кујна, но продавницата нуди и машини за во истата, како фрижидери, машини за миење садови, рерни и слично. 

Пушен лосос – понудата за храна на ИКЕА е ограничена на веќе познатите производи. Но, во продавницата можат да се најдат и шведски специјалитети како пушен лосос, икри, крцкави лепчиња, замрзнати ќофтиња.

Картички за роденден – ИКЕА дури се грижи и за подароците. Во одделот за хартии можете да најдете, украсна хартија за подароци, картички за родендени, украсни ленти и многу други работи кои би ви се нашле за празнични и роденденски подароци.

Здравствено осигурување – Пред две години, ИКЕА почна да нуди и полиси за здравствени осигурувања. Но, достапни се само за шведските клиенти.

Екстериер – саксии, цвеќиња, растенија, билки и слични предмети кои ви се потребни за уредување на градината.

Органско перуанско кафе – диретно донесено од перуанските органски фарми. Серискиот број на кесичката ќе ви каже од која фарма е кафето.

Соларни панели – ИКЕА нуди инсталација на соларни панели во подрачјата низ Велика Британија и се надеваат на проширување и низ други земји во светот.

Бејбиситерство – И тоа бесплатно. Во сите продавници на ИКЕА се нуди чување на дечињата. Можете да ги оставите децата во ИКЕА, а вие да си ги завршите обврските.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот