Малиот остров Сент Мајклс Маунт во Корнвал, Англија, бара работници. Позицијата менаџер е идеална за оние што сакаат да бидат дел од мал колектив, море и живот на островот.
Фото: Thinkstock
Тој што ќе има среќа да биде избран ќе се грижи за посетителите, но ќе биде одговорен и за вработените. Во огласот објавен на нивната фејсбук-страница се наведени подетални услови, како и платата.
Од кандидатите се очекува да бидат практични, позитивни и фокусирани на решенијата, подготвени да работат под притисок. Иако на прв поглед изгледа како работа од соништата, има многу обврски. Само минатата година островот со само 30 жители го посетиле 350.000 луѓе.
Годишната плата би изнесувала помеѓу 34.000 и 41.000 долари. Последниот
рок за аплицирање е 17 април.