Секојдневно користиме работи за кои не сме свесни дека содржат алкохол. Затоа, се препорачува внимателно читање на декларациите на производите, особено кога станува збор за возачите. Имено, не мора да испиете неколку пива или чашка жесток пијалок за да паднете на алкотест.
Некои
производи во себе содржат етанол (етилен алкохол), кој може да влезе во крвотокот без притоа да го забележите тоа. Потоа, истиот етанол може да биде причина за паѓање на алкотест.
Помеѓу намирниците и производите кои ги користиме секојдневно се наоѓаат:
- Екстракт од ванила
- Средство за дезинфекција на раце
- Сируп против кашлање
- Вода за плакнење уста
- Парфеми и тоалетна вода
- Некои слатки.
Парфемите и тоалетната вода може да предизвикаат реакција на кожата, но никако не треба да се конзумираат орално.
Останатите производи користат алкохолни состојки, па дури и слатките, а тука не се мисли на оние направени со рум, туку колачи кои се направени со засладувач на алкохолна база наместо со шеќер.