X
 06.12.2018 Живот

Првата одлука на новиот мексикански претседател: продажба на раскошниот авион на претходникот

Инаугурацијата на новиот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор беше во саботата, а деновиве тој веќе почна со остварување на едно предизборно ветување - продажба на претседателскиот авион.

Имено, тој смета дека приватниот авион што го користел неговиот претходник е претерано раскошен и уште во текот на кампањата вети дека ќе го продаде. Станува збор за „боинг 787-8 дримлајнер“, што владата го купила во 2016 година за 218 милиони долари, а откако бил преуреден за потребите на претседателот, вкупната вредност му се искачила на 239 милиони долари.

Но, во понеделник овој авион ќе одлета до аеродромот во Викторвил, Калифорнија, каде што ќе го чека следниот сопственик.

- Ги продаваме сите авиони и хеликоптери што ги користеа корумпираните политичари - изјави Лопез Обрадор.

Така, покрај претседателскиот, Обрадор ќе продаде и 60 владини авиони и 70 хеликоптери.

Според западните медиуми, Андрес дал и други ветувања во текот на кампањата, како што е укинување на надоместокот за поранешните претседатели и намалување на високите плати на владините службеници. Покрај тоа, новиот претседател нема да живее на луксузниот имот Лос Пинос како своите претходници, туку ќе го пренамени и ќе го претвори во културен центар.

Погледнете како изгледа леталото.

Фото: Jutarnji

Фото: Jutarnji

Фото: Jutarnji

Фото: Jutarnji

Фото: Jutarnji

Фото: Jutarnji

Фото: Jutarnji
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот