Австралијците неодамна потсетија на тоа како лошите временски услови може да предизвикаат целосна криза меѓу авионските патувања.
Авиокомпанијата објави видео со стручни коментари од пилот, контролор на летање, метеоролог и други експерти за да објасни зошто е донесена одлуката да се одложат летовите.
- Невремето со грмотевици е значаен проблем за авиокомпаниите и може да биде многу опасно - вели Манфред Грејтчус, метеоролог на „Вирџин Австралија“.
- Во зависност од сериозноста на невремето, има потенцијал да влијае врз начинот на кој ги планираме летовите за да избегнат какви било опасни невремиња. Кога грмотевиците произведуваат секавици во oпсег од осум километри од аеродром, тогаш мора да ги затвориме операциите на рампата и ова може да предизвика задоцнети или откажани летови.
Со оглед на тоа што авиокомпаниите како „Вирџин Австралија“ одржуваат сложени распореди за авиони, невремето што нарушува една рута може да предизвика одложување низ цела мрежа.
- Ефектот може да биде значаен - вели Демиен Веџоли, менаџерот на „Вирџин Австралија“.
Австралискиот контролор за летање Штефан Бароузс објаснува како е донесена одлуката за одложување на летовите во бури.
- Кога има невреме, авионите отстапуваат од нивните нормални патеки и тоа има ефект врз нас. Можеме да прифатиме само мал број авиони што ќе пристигнат или заминат - вели тој.
- Подобро е авионот да не полета и побезбедно е за патниците. Кога има невреме, работиме со авиокомпаниите и дискутираме за опциите. Она што го имаме е програма за одложување преку која можеме да го рекалкулираме времето на поаѓање за подобро да раководиме со стапките на поаѓање и пристигнување и да се минимизираат одложувањата - додава тој.
Контролорот за нарушувања Камерон Тод вели дека сите планирани или предвидливи одложувања за летови се доставуваат до патниците преку текст или е-порака.
- Важно ни е да стапиме во контакт со вас што е можно побрзо. Ќе ни помогне ако ги ажурирате вашите податоци за контакт - вели Тод.
- Сфаќаме дека откажувањата и одложувањата се фрустрирачки, но сакаме
клиентите да знаат дека нивната безбедност ни е најважна - изјави Ендрју Лилиман, генерален менаџер на мрежните операции.