X
 10.04.2017 Култура

Наскоро сите ќе го бараат средното седиште во авионите

Единствена полоша работа од долг лет во економска класа е седење на средното седиште во авионот.

седишта
Фото извор: Screenshot


Луѓето обично го избегнуваат поради предностите на другите две. Ако се до прозорецот ќе ги гледаат пејзажите, а ако се на крајното седиште патот до тоалетот ќе им биде послободен.

Но ова наскоро може да стане минато. Американската компанија “Molon Labe Designs” од Денвер измислила нов дизајн според кој средните седишта се значајно поудобни во однос на досегашниот стандард. Новите седишта се малку вовлечени и за 7,5 сантиметри пошироки од досегашните, а двата потпирачи за раце ќе бидат поставени под поинаков агол.

Патниците од бизнис класата ќе бидат воодушевени од фактот дека централните седишта имаат пошироки екрани во рамките на системот за забава во текот на летот.

Овој вид седишта се наменети за авиони со непарен број места, па тие нема да одговараат во секој авион, но претставниците на компанијата наведуваат дека се надеваат дека тој проблем ќе биде наскоро решен.

Дизајнот треба да биде оддобрен од Американската федерална управа за воздухопловство и ако добие зелено светло ќе биде во употреба за две години.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура