Дали знаете како изгледа Гилберт От?
Добро би било да знаете и паметно е неговиот лик да ви остане врежан во меморијата.
Можеби сте виделе фотографија со неговиот лик на некоја веб-страница за патувања, а стана и прилично познат по проектот „Фати ме ако можеш“ („Catch me if you can“) од 2017 година.
Со овој проект на патниците им нудеше можност да го замени местото со нив, а тоа би значело дека личноста што прва ќе го препознае и ќе му пријде, ќе лета со прва класа, на местото на Гилберт От. Во текот на овој проект тој успеал да усреќи 40 луѓе.
Тој одлучиповторно да го направи ова, со тоа што сега оние што ќе го препознаат, ќе имаат можност и да добијат ноќевање во хотелски апартман или вечера во ресторан.
Акцијата ја почнал на 1 декември на летот од Дубаи за Њујорк, од каде што ќе патува за Лос Анџелес, па за Мајами...
Единствено е важно да го
препознаете на некое место каде што не може да се очекува, па хотелите, рестораните и аеродромите се места на кои акцијата не важи.