13-годишната Река Капонај од Австралија веројатно има посетено повеќе држави од вас. Таа патува постојано од своја 10-годишна возраст, но звучи зрело како 20-годишна девојка на факултет.
Сè започнало кога наполнила 11 години во Лос Анџелес една недела откако ја напуштиле Австралија. За неа, ова било неверојатно искуство. Таа започнала да патува со семејството и веќе првата година посетила 31 држава во САД. Патувањата продолжиле во Јужна Америка.
Нејзините родители имаат проект со кој секоја потреба е задоволена од некој што нуди решение. Според нив, секој нуди нешто што му е потребно некому, но за да бидат задоволени овие потреби потребно е активирање. Така започнала нивната авантура.
Досега, Река посетила 23 земји на 6 континенти, но она што ја импресионирало најмногу се луѓето со кои се запознала на патувањата.
Пред да го напуштат својот дом во Австралија, родителите на Река ги отпишале своите деца од училиште.
Образованието продолжило за нив преку читање и вежбање со семејството. Малата Река вели дека со патувањата научила повеќе отколку во формалната училница.
- Учењето за древните цивилизации со директно одење по патот по кој оделе или живеење со потомците на Инките ме научи повеќе од она што сум го учела „формално“.
Патувањето сега станало заеднички семеен проект но и заедничка работа. За Река, ова е „продолжување на учењето и споделувањето на искуства и набљудувања преку мојот блог“.
- Не можам да речам дека секогаш ќе продолжам да патувам бидејќи постојано учам и растам од искуствата и моите чувства се менуваат постојано. Она што можам да го кажам сега е дека не гледам крај наскоро. Има уште толку многу за искусување и споделување со светот за да би останала на едно место предолго, вели малата Река за своите патувања.