На брегот на Акапскиот Залив во Саудиска Арабија се гради Сирана. Станува збор за луксузна дестинација за одмор каде што ќе биде сместен хотел во форма на шестаголник со 65 соби и 35 ексклузивни резиденции.
Тој е дизајниран да изгледа како да излегува од брегот и да се спојува со околината во која се наоѓа, односно со специфичната флора и фауна. Сирана треба да има плажа со базен на повеќе нивоа и ќе нуди непрекинат поглед на Црвеното Море. Исто така, ќе понуди низа опции за забава и релаксација - од врвни ресторани до бањи и велнес-центри.
До хотелот ќе се стигнува со брод, а гостите ќе мора да поминат по скриена патека низ природни карпи пред да стигнат до влезот.
Хотелот е дел од проектот Неом, кој предвидува изградба на модерен град во пустината. Крајбрежјето на Акапскиот Залив моментално е неискористено и празно, но луксузните проекти што се планираат во следните 10 години целосно ќе го трансформираат овој простор.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија:
Neom