X
 12.12.2017 Култура

Саудиска Арабија ги отвора кината по повеќе од 35 години!

kino

Саудиска Арабија ќе дозволи отворање на јавни кина, соопшти министерството за култура и информирање на таа земја.

„Како индустриски регулатор, Генералната комисија за аудио-визуелни медиуми започна со процесот на лиценцирање на кината во Кралството“, изјави министерот за култура Салех Алауад во соопштението, пренесува „Ројтерс“.
Според неговите зборови, се очекува првите кина да почнат со работа од март 2018 година.

Во Судиска Арабија кината беа затворени во 80-тите години, кога започна бранот на ултраконзервативизмот во земјата, пренесува „АП“ со констатација дека тоа ќе бидат првите кина што се отвораат по повеќе од 35 години.

Како што се наведува, престолонаследникот Мухамед бин Салман настојува државата „што повеќе да се отвори“, што подразбира укинување на забраната на жените да возат, да се одржуваат концерти и други видови забава.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура