Во неделата се одржа 76. доделување на наградите „Златен глобус“, во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс.
Наградите ги доделува Здружението на странски холивудски новинари, а наградените филмови и актери се смета дека се вовед за тоа како ќе се одвива доделувањето на „Оскарите“. Водители на манифестацијата годинава беа американскиот актер и комичар Енди Семберг и актерката Сандра Оу, позната по улогата во серијата „Анатомијата на Греј“, која во текот на вечерта доби награда за нејзината улога во серијата „Убивајќи ја Ева“ (Killing Eve).
Биографскиот филм за заменик-претседателот Дик Чејни, „Заменик“ (Vice), имаше најголем број номинации, во 6 категории, но освои само една награда - Кристијан Бејл ја освои наградата за најдобар актер во мјузикл/комедија. Наградата за најдобра актерка во филм-драма ја освои Глен Клоуз за улогата во филмот „Сопругата“. За нејзиниот говор беше наградена со овации од присутните.
Фаворитот на вечерта, филмот „Боемска рапсодија“, триумфира во главната категорија за најдобра драма, а Рами Малек, кој го глумеше Фреди Меркјури, ја освои наградата за најдобар актер во филм-драма.
Римејкот на филмот „Ѕвездата е родена“ победи во категоријата најдобра оригинална песна, за песната „Shallow“ во изведба на Лејди Гага и Бредли Купер.
Наградата за животно дело во областа на филмската индустрија годинава ја доби актерот Џеф Бриџис, а наградата за животно дело во областа на телевизијата ја доби американската актерка, комичарка и водителка Керол Барнет, поради нејзината долга и плодна кариера.
Победниците во сите категории можете да ги погледнете во продолжение.
Најдобар филм – драма
„Црниот пантер“ (Black Panther)
„Црн член на Кју-клукс клан“ (BlacKkKlansman)
„Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody)
„Ако улицата Бил можеше да зборува“ (If Beale Street Could Talk)
„Ѕвездата е родена“ (A Star Is Born)
Најдобра актерка во драма
Глен Клоуз, „Сопругата“ (The Wife)
Лејди Гага, „Ѕвездата е родена“
Никол Кидман, „Уништувач“ (Destroyer)
Мелиса Мекарти, „Ќе ми простиш ли некогаш?“ (Can You Ever Forgive Me?)
Розамунд Пајк, „Приватна војна“ (A Private War)
Најдобар актер во драма
Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“
Вилем Дафо, „На портите на вечноста“ (At Eternity’s Gate)
Лукас Хеџис, „Избришана личност“ (Boy Erased)
Рами Малек, „Боемска рапсодија“
Џон Дејвид Вашингтон, „Црн член на Кју-клукс клан“
Најдобар филм – мјузикл или комедија
„Луди богати Азијци“ (Crazy Rich Asians)
„Фаворитот“ (The Favourite)
„Зелената книга“ (Green Book)
„Мери Попинс се враќа“ (Mary Poppins Returns)
„Заменик“ (Vice)
Најдобра актерка во мјузикл или комедија
Емили Блант, „Мери Попинс се враќа“ (Mary Poppins Returns)
Оливија Колман, „Фаворитот“ (The Favourite)
Елси Фишер, „Осмо одделение“ (Eighth Grade)
Шарлиз Терон, „Тали“ (Tully)
Констанс Ву, „Луди богати Азијци“ (Crazy Rich Asians)
Најдобар актер во мјузикл или комедија
Кристијан Бејл, „Заменик“ (Vice)
Лин-Мануел Миранда, „Мери Попинс се враќа“ (Mary Poppins Returns)
Виго Мортенсен, „Зелената книга“ (Green book)
Роберт Редфорд, „Старецот и пиштолот“ (The Old Man & the Gun)
Џон К. Рајли, „Стен и Оли“ (Stan & Ollie)
Најдобра актерка во споредна улога во сите категории на филм
Ејми Адамс, „Заменик“ (Vice)
Клер Фој, „Првиот човек“ (First Man)
Реџина Кинг, „Ако улицата Бил можеше да зборува“ (If Beale Street Could Talk)
Ема Стоун, „Фаворитот“ (The Favourite)
Рејчел Вајс, „Фаворитот“ (The Favourite)
Најдобар актер во споредна улога во сите категории на филм
Махершала Али, „Зелената книга“ (Green book)
Тимоти Шаламе, „Убаво момче“ (Beautiful Boy)
Адам Драјвер, „Црн член на Кју-клукс клан“ (BlacKkKlansman)
Ричард И. Грант, „Ќе ми простиш ли некогаш?“ (Can You Ever Forgive Me?)
Сем Роквел, „Заменик“ (Vice)
Најдобар анимиран филм
„Неверојатните 2“ (Incredibles 2)
„Остров на кучињата“ (Isle of Dogs)
„Мираи“ (Mirai)
„Ралф го крши интернетот“ (Ralph Breaks the Internet)
„Спајдермен: Во Спајдер-верзумот“ (Spider-Man: Into the Spider-Verse)
Најдобар странски филм
„Капернаум“ (Capernaum)
„Девојка“ (Girl)
„Работа без автор“ (Never Look Away)
„Рома“ (Roma)
„Крадци“ (Shoplifters)
Најдобар режисер
Бредли Купер, „Ѕвездата е родена“ (A Star is Born)
Алфонсо Куарон, „Рома“ (Roma)
Питер Фарели, „Зелената книга“ (Green book)
Спајк Ли, „Црн член на Кју-клукс клан“ (BlacKkKlansman)
Адам Мекеј, „Заменик“ (Vice)
Најдобро сценарио
Алфонсо Куарон, „Рома“
Дебора Дејвис и Тони Мекнамара, „Фаворитот“
Бери Џенкинс, „Ако улицата Бил можеше да зборува“
Адам Мекеј, „Заменик“
Питер Фарели, Ник Валелонга и Брајан Кири, „Зелената книга“
Најдобра оригинална музика
Марко Белтрами, „Тивко место“ (A Quiet Place)
Александар Деспла, „Остров на кучињата“
Лудвиг Горансон, „Црниот пантер“
Џастин Хрвиц, „Првиот човек“
Марк Шајман, „Мери Попинс се враќа“
Најдобра оригинална песна
„All the Stars“ (Црниот пантер)
„Girl in the Movies“ (Дамплин)
„Requiem For a Private War“ (Приватна војна)
„Revelation“ (Избришана личност)
„Shallow“ (Ѕвездата е родена)
Најдобра ТВ-серија – драма
„Американците“ (The Americans)
„Телохранител“ (Bodyguard)
„Враќање дома“ (Homecoming)
„Убивајќи ја Ева“ (Killing Eve)
„Поза“ (Pose)
Најдобра актерка во ТВ-серија – драма
Катрина Балф, „Друговремец“ (Outlander)
Елизабет Мос, „Приказна за робинката“ (The Handmaid’s Tale)
Сандра Оу, „Убивајќи ја Ева“
Џулија Робертс, „Враќање дома“
Кери Расел, „Американците“
Најдобар актер во ТВ-серија – драма
Џејсон Бејтмен, „Озарк“ (Ozark)
Стефан Џејмс, „Враќање дома“
Ричард Меден, „Телохранител“
Били Портер, „Поза“
Метју Рис, „Американците“
Најдобра ТВ-серија – мјузикл или комедија
„Бери“ (Barry, HBO)
„Добро место“ (The Good Place, NBC)
„Шегување“ (Kidding, Showtime)
„Методот на Комински“ (The Kominsky Method, Netflix)
„Чудесната г-ѓа Мејзел“ (The Marvelous Mrs. Maisel, Amazon)
Останатите победници можете да ги погледнете
ТУКА.