На прагот на своите 60-ти години, двократниот оскаровец Том Хенкс сè почесто излегува од својата комфорна зона и избира улоги кои се оддалечуваат од оние по кои е препознатлив. Од 1 февруари ќе можеме да го гледаме во една таква улога во познатиот филм „Човекот по име Ото“.
Хенкс зад себе има повеќе од 40 години актерско искуство и два „Оскари“, а познат е и како еден од ретките актери чии филмови седумпати по ред заработиле 100 милиони долари, што е влезено и во Гинисовата книга на рекорди.
Хенкс има глумено во многу жанрови, почесто во позитивни филмови, така што познат е и како доброто момче на Холивуд. Но, тој не ужива претерано во оваа репутација, па со оглед на тоа што имаше и критики дека избира веќе видени улоги, одлучил да направи пресврт во кариерата, а тоа го покажува и неговиот најнов филм „Човекот по име Ото“ во кој Хенкс, кој се појавува и како продуцент во филмот, го глуми Ото Хендерсон, вдовец кој будно внимава на редот и дисциплината во неговото соседство.
Екранизација на романот
„Човекот по име Ото“ е екранизација на хумористичниот бестселер на „Њујорк тајмс“ - „Човекот по име Уве“ од шведскиот автор Фредрик Бакман. Книгата постигна голем успех, па многумина се среќни поради холивудската адаптација.
Шведската верзија на филмот беше објавена во 2016 година и беше филм со најголема заработка во САД, а доби и две номинации за „Оскар“. И во Шведска доживее голем успех, а Шведскиот филмски институт го наречен феномен бидејќи е трет најгледан филм на сите времиња во Шведска. Американската филмска адаптација го следи оригиналниот заплет, а публиката го следи вечно пргавиот вдовец Ото Андерсон чија единствена радост доаѓа од критикувањето и судењето на соседите.
Но, заплетот добива вистински пресврт кога едно весело младо семејство се преселува во соседството, а Ото ја запознава наметливата трудница Марисол, која ја игра мексиканската актерка Маријана Тревињо. Ова на крајот води до неочекувано пријателство кое засекогаш ќе му го промени животот.
- Идејата јас и Рита да работиме на овој проект не се роди преку ноќ. Ја гледавме шведската верзија на филмот пред шест години и се договоривме дека ќе почнеме со снимање само кога ќе најдеме група истомисленици кои ќе работат на него со еднаков ентузијазам. Нема сомнеж дека ова е еден од најпосебните проекти за мене, особено што е вклучена половина од моето семејство - изјави Хенкс.
Филмот е во режија на Марк Форстер, а како дел од филмот се и неговиот син Труман Хенкс, Рејчел Клер и Мануел Гарсија-Рулфо.
- Ја прочитав книгата и веднаш се заљубив во целата приказна. Се смеев, но и плачев затоа што приказната е навистина посебна. Го гледав и оригиналниот шведски филм, по што добив огромна желба да го раскажам пред пошироката публика. Том Хенкс е најголемиот актер со кој сум работел. Тој е еден од најголемите уметници на денешницата. Него го следи имиџот на холивудско добро момче, каков што навистина е - вели режисерот на филмот, Марк Фостер.
Лик со кој сочувствуваме
Еден од продуцентите на филмот, Рита Вилсон, која е и сопруга на Том Хенкс, штом ја погледнала шведската верзија, го контактирала продуцентот Федрик Викстром Никастро и договорила средба.
- Толку многу во оваа приказна одекна во мене. Темата за наоѓање надеж, заедницата што ќе ги одржува во живот луѓето и начинот на кој таа го прикажува учењето да ги прифатиме оние што се различни од нас оставија огромно влијание врз мене. Тоа ни покажува како и во најтешките моменти сè уште можеме да се смееме на нешто, а токму овие елементи на светлина се пробиваат низ темнината - изјави Вилсон.
- Ото е нашиот нерасположен дедо, братучед, пријател или сосед кој длабоко во себе е кревка личност со големо срце, но животните околности едноставно го променија - вели Дејвид Меги, додавајќи дека Том Хенкс е единствениот актер кој има моќ да отелотвори антихерој со кој сите сочувствуваме.
Извор:
Jutarnji.hr
Фото: Screenshot/YouTube