Јасно е дека книгите се секогаш подобри од филмовите. Скоро секогаш се разочаруваме (после месеци очекување на филмот) кога ќе го погледнеме филмот направен врз основа на нашата омилена книга. Но, зошто е тоа така?
1. Понекогаш режисерите не успеваат да го задржат фокусот на она што е важно - Познато е дека Стивен Кинг не бил задоволен од обидот на Кјубрик да ја екранизира неговата книга „The shining“. На Кјубрик не му се допаѓал слабиот врисок на Шели, ниту пак пребрзото губење на памет на Николсон. Без писателот на нивната страна режисерите се губат во книгата и сфаќањето на она што писателот сакал да биде нагласено и што е важно за него.
2. „Ова не е онака како што си замислував“ - 500 луѓе кои читаат некоја книга ќе имаат 500 интерпретации како некои ликови и сцени би требало да изгледаат. Лесно се разочаруваме доколку некој глумец не изгледа онака како што ние сме си го замислиле во нашата глава.
3. Ограничено време - Повеќето филмови траат најмногу 3 часа, што бара исфрлање или скратување на сцени што за нас можеби се важен момент.
4. Потешкотии со пишување на текст за филм - Низ филмовите добиваме доста голема визуелна стимулација, но доста се ограничени во раскажувањето на некои приказни низ дијалозите. Претворањето на зборови во визуелна репрезентација и создавање на дијалозите и не е така едноставно како што се чини, особено доколку станува збор за ликови кои доста „размислуваат“ односно водат внатрешни разговори. За се` да биде усогласено, потребно е да се исфрлат некои сцени.
5. Книгите ни дозволуваат се` самите да создадеме - Некои филмови се подобри затоа што ја следат целата приказна од книгата. Алфред Хичкок направи неверојатна работа во филмот „Jaws“.
6. Книгата секогаш ве следи - Музиката ги има плочите, а пишувањето ги има книгите, меѓутоа филмовите не нудат ништо што може да се „допре“ и што би можеле да го носиме со себе.
Затоа, кога се расправате за тоа што е подобро, книгата или филмот, сетете се на стариот пријател кој секогаш ве чека на некоја полица од вашата соба.