X
 07.03.2022 Култура

„Симон Трпчески и пријателите“ во престижната „Вигмор хол“ во Лондон

Нашиот пијанист Симон Трпчески денеска, во 14 часот по средноевропско време, ќе настапи во престижната концертна сцена „Вигмор хол“ во Лондон. Матине-концертот е насловен  „Трпчески и пријателите“, така што Трпчески ќе ја дели сцената со Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии.

- Како и секогаш, одлична атмосфера, со одлични колеги пред нашиот настап во „Вигмор хол“ во Лондон. Уживајте во преносот во живо - порача Трпески, кој на крајот од овој месец ќе го промовира првиот самостоен компакт-диск за познатата британска етикета „Лин рекордс“, на кој ќе се претстави со дела од Моцарт, Брамс и Бетовен.

Концертот ќе се пренесува во живо на веб-страницата на „Вигмор хол“, а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување.  

фото: ФБ-профил на Симон Трпчески

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура