X
 07.05.2018 Живот

Поглед од пилотската кабина: Воодушевувачки природни феномени

Виолетова молња, психоделично зајдисонце, блескави облаци и уште поубава аурора бореалис - кога станува збор за лудо убавите природни феномени, пилотите на авионите имаат предност.

За остатокот од нас што сакаат да видат каков е животот на 9.000 метри над земјата, ова се неверојатните фотографии што ги направил холандскиот пилот Кристијан ван Хеист.

KABINA

Хеист го документирал погледот надвор од пилотската кабина уште од почетокот на неговата кариера, кога имал 20 години.

- Доживуваш мирна самотија додека леташ високо на небото кога остатокот од светот е под „твоите нозе“ - вели Хеист.

Решен да стане пилот уште од детството, тој првата работа ја добил пред 14 години, летајќи во Африка и во Авганистан. Со себе понел камера за да го документира искуството.

- Морав да го фатам моментот бидејќи сфатив дека ако не го фотографирам, ако не го фатам, ќе исчезне засекогаш - додава тој.

Тој наскоро сфатил дека фотографирањето од авионот било исто толку возбудливо колку и фотографирањето на земјата.

- Почнав со документирање на авантурите во Африка и во Авганистан, но ги проширив фотографиите за да можам да го документирам целото чувство летајќи, во средина каде што малку луѓе можат да уживаат во погледот. Целото искуство е многу поинтересно ако ги имате големите прозорци околу вас и ако физички го контролирате авионот - вели тој.

Според него, аурора бореалис останува најневеројатната глетка што некогаш ја доживеал. Во тие моменти Хеист вели дека се чувствувал привилегирано што имал можност да биде очевидец на нешто толку спектакуларно.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот