X
 01.12.2015 Технологија

Дали ова е иднината на летањето?

Последното од областа на авијацијата е одвојување на кабините во посебни делови од авионот, а потоа нивно мешање. Со ова би се заштедило време и пари, велат од „Airbus“, кои стојат зад патентот.


Моментално, авионските компании трошат просечно 8,27 долари за патник, според Меѓународната асоцијација за авионски сообраќај. Компаниите сакаат да го намалат овој износ.

Новиот модел на посебни кабини е патент на „Airbus“. Со него, наместо да се влегува во целиот авион, секој патник би се качувал во својата кабина. Во иднина, чекањето за влез во авионот би било излишно бидејќи луѓето директно би седнувале во своите делови.


Меѓу другите патенти на компанијата е и еден за пилотска кабина, која би се наоѓала подалеку од прозорецот. Пилотите би се наоѓале во задната страна од авионот, а предниот дел би можел да има подолг нос со што би станал и поаеродинамичен. Пилотите би го гледале светот на дигитален екран.


Интересни идеи, но дизајнирањето на авионите трае со години. Во овој случај, би требало да се променат и аеродромите, пренесува Си-Ен-Ен.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија