X
 07.05.2020 Живот

Ѕирнете во прекрасната нова библиотека „Спрингдејл“ во канадското гратче Брамптон

Во гратчето Брамптон, на околу 45 минути западно од Торонто, библиотеката „Спрингдејл“ заедно со паркот „Комагата Мару“ ѝ обезбедува прекрасен зелен простор на локалната заедница.

Целта на архитектите била да создадат инклузивно место за собирање и место со кое градот ќе се гордее. Проектот бил физички ограничен, со плоштад на истокот, главен пат на југ и природна клисура на север и запад.

Архитектите успеале да ја позиционираат библиотеката колку што е можно поблизу до улицата за да ја зачуваат природната топографија, како и погледот однатре кон клисурата.

1

4

Паркот се состои од серија градини за постари лица и област за деца организирана околу зборот „Imagine“ (Замислете). Буквите високи пет метри се поставени и во хоризонтална и вертикална насока и имаат интерактивна функција што децата треба да ја откријат.

8

8

Внатрешноста на библиотеката се протега на 1.860 квадратни метри, во комбинација со 470 квадратни метри повеќенаменска просторија за заедницата. Детално опфатен е секој елемент на библиотеката, при што архитектите примениле конвенционален буџет и материјал за дизајнирање неконвенционални згради. Така, на пример, кружниот прозорец на библиотеката ги приспособува нивоата на бучава и начинот на кој светлината се шири во библиотеката, за да инспирира чувство на воодушевеност и чудо.

2

Изразувајќи инклузивност, иновации, посветеност кон учењето, соработка, љубопитност, храброст и одговорност, новата зграда ја отсликува визијата на институцијата.

Извор: Archdaily.com
Фотографии: Nic Lehoux
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот