Во самото срце на Австрија, во малечко гратче каде што живеат околу 2.500 жители, се наоѓа една од најфасцинантните библиотеки во светот. „Адмонт“ има десетици илјади книги, а секој агол во неа е вистинско уметничко дело кое го одзема здивот.
Библиотеката „Адмонт“ е стар бенедиктински манастир и најстарата манастирска библиотека.
Оваа зграда со купола, раскошни фрески на таванот, елегантни полици и илјадници книги и документи го фасцинира секој што ќе влезе во неа.
Ја нарекуваат осмо светско чудо
Оваа импресивна библиотека е долга 70 метри, широка 14 метри и висока 11 метри, со централна купола што достигнува висина од 12,7 метри.
Овој простор, поради својата големина, архитектонска убавина и исклучителна колекција на книги, често пати се нарекува осмо светско чудо.
Салата на библиотеката била изградена во 1776 година и во неа се сместени 70.000 тома од целиот манастирски фонд и повеќе од 1.400 ракописи, од кои најстарите, од „Свети Петар“ во Салцбург, биле подарок од основачот, надбискупот Гебхард.
Дизајнот на овој прекрасен објект му бил доверен на виенскиот архитект Јозеф Хуебер, кој инспирацијата ја нашол во библиотеката на Кралската палата во Виена, денешната Национална библиотека.
Библиотеката е поделена на три дела. Зградата има 48 прозорци, а целиот простор е покриен со седум куполи кои покриваат два ката.
Централната купола е поддржана од 12 столба од црвен мермер, што дополнително ја нагласува нејзината висина и важноста на фреската што го краси таванот.
Оваа фреска, како и сите други во библиотеката, е насликана од Бартоломео Алтомонте, а нејзината тема е божествената мудрост и откровение.
Тајна врата
Посебна атракција претставува „тајната врата“, која вешто се крие зад лажни корици од книги. Оваа врата, која посетителите често не ја препознаваат, дополнително придонесува за магичниот впечаток на просторот.
И подот има симболична вредност. Се состои од повеќе од 7.000 камења од бел, црвен и сив мермер, кои се поставени во сложени геометриски форми.
Овие модели, кои можат да се толкуваат на различни начини, додаваат дополнителна димензија на овој прекрасен простор.
Кои се цените на билетите за посетителите?
Манастирот, кој се наоѓа покрај националниот парк на планината Гесеузе, сè уште е дом на заедницата на бенедиктанците со 27 свештеници кои водат средно училиште и дом за стари лица.
Влезниците за возрасни се 18,50 евра, за деца 13,50 евра, а има попусти за групи.
Извор:
6yka.com
Фото:
Instagram