X
 07.05.2022 Култура

Најчудниот споменик поставен во Женевското Езеро

Оваа виљушка, висока 8 метри и широка 1,3 метар, сега има статус на една од највисоките виљушки во светот (верувале или не, ги има повеќе - во американските Мисури и Колорадо).

На брегот на Женевското Езеро, на швајцарско-француската граница, се наоѓа гратчето Веве - создадено за мирен одмор, прошетки покрај езерото и уживање во идилата што ве опкружува, но и џиновската виљушка која излегува од езерото.

Да, добро прочитавте: огромна виљушка излегува од Женевското Езеро во овој дел од брегот. Необичниот споменик наречен „Ла Фурчете“ е поставен во 1995 година во чест на 10-годишнината од Алиментариумт, градскиот музеј посветен на исхраната. Споменикот бил направен од швајцарскиот уметник Жан-Пјер Кауг.

виљушка
Фото: Instagram

Ова е и паметна атракција за град кој се гордее со својата гастрономска понуда бидејќи ако доволно долго уживате во глетката, можеби ќе огладнете и ќе се упатите во некој од локалните ресторани.

Но, не биле сите воодушевени од оваа глетка, па виљушката своевремено била извадена од езерото. Поминале 10 години, а луѓето очигледно сакаат чудни стари скулптури, па потпишале петиција да биде вратена во езерото.

Локалните власти го одобрија тоа и сега во овој град повторно можете да уживате во оваа необична атракција.

Извор: b92.net
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура