Експертите за безбедност на интернет порачуваат дека би требало добро да размислите пред да ги пребарувате раперот Ашер, кантри пејачот Лук Брајан или ди-џејот Армин ван Бјурен.
Компанијата „Internet securit“ во соопштението наведува дека сите овие три музичари се наоѓаат на самиот врв на нејзиниот годишен список на најопасни познати личности на интернет.
Со пребарувањето на овие познати имиња корисниците најверојатно ќе влезат во сомнителни веб страни, носители на вируси и малвери.
Притоа, пребарувањето на името на холандскиот продуцент и транс ди-џеј Ван Бјурен носи најголем ризик: корисниците имаат дури 18% шанси да налетат на веб страна со потенцијални онлајн опасности.
Меѓу останатите имиња на топ пет листата се Лук Брајан, Ашер, Бритни Спирс и Џеј Зи. Исто така, доколку сакате да ја пребарате Кејти Пери, тогаш треба да бидете свесни дека постојат 15% шанси да го заразите вашиот компјутер.
На врвот на списокот се наоѓаат и комичарката Ејми Шумер, актерката Нина Добрев како и актерката Бети Вајт и пејачката Лорди.