X
 07.06.2023 Живот

Ретка албино панда забележана на камера во Кина

Во светот е позната само една албино панда, а неодамнешните видеоснимки покажуваат дека таа е жива и напредува.

Инфрацрвените камери во Националниот природен резерват Волонг во Сечуан, Кина, ја снимија пандата која последен пат била забележана во 2019 година со друга панда и нејзините младенчиња.

Освен што на белата панда ѝ недостигаат дамки, таа има и црвени очи, што укажува на албинизам за разлика од другите генетски мутации кои би предизвикале појава на бело крзно.

Експертите веруваат дека оваа панда, која е една околу 150 што ги има во резерватот, има 5 или 6 години. Додека полот на оваа панда моментално е мистерија, животното наскоро ќе достигне сексуална зрелост, па ќе стане очигледен.

Камерата направи доста снимки од албино пандата, но една работа навистина им остави впечаток на експертите. Интеракцијата на албино пандата со друга панда и нејзините младенчиња. Иако мајката панда на крајот ќе ја избрка албино пандата, се чини дека не изгледа особено загрижена поради нејзиното присуство.

- Мајката панда беше крајно мирна и не беше во согласност со општото правило. Една од причините можеби е тоа што ѝ е мајка на албино пандата - вели Веи Ронгпинг, постар инженер од Кинескиот центар за заштита и истражување на џиновски панди.

Официјалните лица се среќни што ја фатија белата панда на камера бидејќи се верува дека тоа е првата албино панда снимена откако започнала официјалната документација. Бидејќи албинизмот е редок, а популацијата на панди е мала, уште поизненадувачки е да се најде бела панда. Истражувачите се надеваат дека во одреден момент ќе се приближат доволно за да можат да соберат примерок од ДНК, што ќе им даде одговори за генетиката на пандата.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот