X
 18.07.2017 Технологија

За што служи малиот отвор покрај камерата на ајфонот?

Веројатно сте го забележале малото дупче покрај камерата на ајфонот. Знаете ли за што служи?

Малиот отвор е всушност микрофон, еден од трите на овој уред. Вториот се наоѓа покрај звучникот на предната страна, а третиот на дното на уредот. Оваа конфигурација е претставена уште кај ајфон 5 во 2012 година.

Микрофонот покрај камерата служи да го сними секој звук што ве опкружува, без разлика како го држите уредот. Покрај тоа, помага и при препознавање на гласот, што е од исклучителна важност, особено со порастот на популарноста на виртуелните асистенти, како што се Сири и Гугл асистент.

Можете и да ги тестирате микрофоните, доколку мислите дека не работат исправно. „За да го тестирате главниот микрофон на дното на вашиот ајфон, отворете ја апликацијата за снимање аудиобелешки (Voice memos) и допрете ја иконата за снимање. Потоа зборувајте во микрофонот, па притиснете ја иконата за репродукција на звук за да го преслушате она што сте го снимиле. Својот глас треба јасно да го слушнете“, велат од „Епл“.

„Ако вашиот звук е нејасен кога го користите звучникот за време на воспоставен повик, проверете дали звучникот е покриен или блокиран со нешто“, објаснуваат тие.

„Доколку звукот во видеозаписите е нејасен или Сири не може јасно да ве слушне, проверете дали микрофонот кој се наоѓа покрај камерата е блокиран или покриен со нешто“, советуваат од „Епл“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија