X
 07.06.2024 Забава

Сузан Колинс ја најави петтата книга за дистопискиот свет „Игрите на гладните“

Сузан Колинс повторно се враќа во опустошената апокалиптична земја Панем за потребите на новиот роман „Игрите на гладните“. Ова ќе биде петта книга, а заплетот ќе биде сместен 24 години пред оригиналниот, прв роман.

Петтиот том од блокбастерската дистописка серија на Колинс (Sunrise on the Reaping) ќе биде објавен на 18 март 2025 година.

Инспирирана од шкотски филозоф од 18 век и модерното зло на дезинформации, Колинс се потпирала на грчката митологија и римските гладијаторски игри за нејзините претходни книги „Игрите на гладните“. Но, за претстојниот роман, таа го цитира шкотскиот филозоф на просветителството Дејвид Хјум.

- Бев инспирирана од идејата на Дејвид Хјум за имплицитно потчинување и, според неговите зборови, леснотијата со која многумина управуваат со малкумина - истакнала Колинс во изјавата.

Извор: klix.ba

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава