Љубителите на добри и квалитетни хорор-филмови конечно добија добар филм по повеќе критикувани наслови од овој жанр.
Хоророт „Зборувај ми“ (Talk to me) добива одлични критики од гледачите и многумина го нарекуваат најстрашниот филм по „Егзорцист“. Филмот ја имаше својата претпремиера на филмски фестивал во Австралија на крајот на минатата година, а сега почна да се прикажува во кината ширум светот. Режијата е на Дени и Мајкл Филипу, а главните улоги ги толкуваат Софи Вајлд, Александра Џенсен, Џо Бирд, Отис Данџи и Миранда Ото.
Приказната следи 17-годишна девојка која ја одбележува втората годишнина од смртта на нејзината мајка, а истовремено се бори со заладените односи со нејзиниот татко. Една ноќ, девојката и нејзини пријатели се прикрадуваат на забава каде што главната атракција е необична отсечена балсамирана рака што ја користат за да повикуваат духови. Се случуваат повеќе натприродни настани а девојката се наоѓа во средината на хаосот.
Критичарите имаат позитивни коментари за филмот, а гледачите тврдат дека станува збор за еден од најдобрите и најстрашни оригинални хорори во последните години.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)