X
 29.09.2021 Култура

Руска екипа се подготвува за снимање на првиот филм во вселената

Руски режисер и актерка се подготвуваат да патуваат во вселената, поточно до Меѓународната вселенска станица, за да снимаат филм. Полетувањето е закажано за 5 октомври.

Филмот е наречен „Предизвикот“ и е за хирург кој патува до станицата за да спаси живот на еден космонаут.

Актерката која ја игра главната улога е Јукиа Пересилд, а режисер е Клим Шипенко. Двајцата ќе престојуваат во рускиот дел од вселенската станица десет дена. Ова ќе биде првиот филм снимен во вселената.

Неодамна американската вселенска агенција НАСА и актерот Том Круз објавија план за снимање филм во вселената.


Извори: Futurism | NBS News
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура