X
 16.07.2022 Живот

Ова се најдобрите филмови за гледање кога сакате да се исклучите

Луѓето не сакаат ништо повеќе од тоа по долг и напорен ден да седнат, да ги кренат нозете и да гледаат филм, особено ако станува збор за лесен и забавен филм кој не бара да размислувате и да се напрегате да откриете нешто.

Секако, добро е да уживате во тричасовни егзистенцијални епови повторно и повторно, но постои период кога сакате да поминете два часа од вашето време во забава. Без разлика дали се работи за култни фаворити, класици, „грешни задоволства“ или нешто друго, обожавателите на „Редит“ почнаа тема за тоа на кои филмови секогаш се враќаат кога сакаат целосно да се исклучат.



Филмот „Национално богатство“ е прилично високо рангиран, и тоа не изненадува со оглед на тоа што историските авантури на Николас Кејџ продолжуваат да привлекуваат нови поддржувачи цели 15 години од објавувањето на „Книгата на тајните“. Редит-корисниците се одлучија и за „Сахара“ и комедијата од 2006 година „Момчето на баба“, која се најде високо на листата на редит-корисниците.



Извор: Msn.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот