X
 07.08.2024 Технологија

Овој автопат има велосипедска лента покриена со соларни панели

Фотографиите од Јужна Кореја кои го прикажуваат патот на иднината, на кој има посебна лента за велосипедисти покриена со соларни панели, веќе десет години го обиколуваат светот како добар пример за одржлив развој. Иако има приговори поврзани со влијанието на бучавата и издувните гасови врз велосипедистите, овој проект фасцинира.

Јужна Кореја ја изгради оваа еколошка велосипедска патека во 2014 година, а патот ги поврзува градовите со Сејонг, административната престолнина на Јужна Кореја. Широката лента од 13 метри поставена на средината на автопатот е единствена во Јужна Кореја, каде што повеќето велосипедски патеки се изградени покрај пешачките патишта.

Со 7.502 соларни панели поставени на приближно 76 сантиметри еден од друг, панелите покриваат приближно 4,8 километри од автопатот долг 8,8 километри и можат да произведат просечно 2.200 MWh еколошка електрична енергија годишно, што ги напојува многуте улични светилки и електронски дисплеи во Сејонг. Всушност, соларните панели произведуваат еквивалентна количина на енергија за напојување на приближно 600 домаќинства, според јужнокорејското Министерство за земјиште, инфраструктура и транспорт.

Извор: baustela.hr

Фото: ABC News screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија