Откако ќе застанат на подиумот, на спортистите кои освојуваат медали им се дава и правоаголна кафеава кутија, но што има во неа?
Според организаторите, мистериозниот подарок е официјален постер за Олимписките игри, дизајниран од парискиот илустратор Уго Гатони. Во интервју пред неколку месеци, Гатони изјави дека му биле потребни 4 месеци и 2.000 часа за да ги создаде илустрациите.
Постерот ги прикажува најголемите париски споменици: од Пон Александар III до Ајфеловата кула, и Триумфалната капија. Други детали вклучуваат златен медал, париската олимписката масока и чамците претставени на свеченото отворање на Олимписките игри како и новите спортови кои дебитираат на игрите: скејтборд и брејк.
- Сакав постерот да раскажува безброј работи, да биде полн со симболи. Има многу мали детали и станува збор за приказна во приказна - изјави Гатони.
Фото: Olympics
Постерите се дел од традицијата која датира од Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, при што секој Организациски комитет произведува постери кои истакнуваат различни елементи, симболи и вредности специфични за нивните игри.
Откако ќе се симнат од подиумот, на спортистите им се дава и друг предмет - златна, сребрена или бронзена маскота, во зависност од бојата на медалот. Овие кадифен играчки што го прикажуваат Фриге, што служи како маскота за Париз 2024 година, се направени во Франција и вклучуваат амблем во боја на медал, сошиен на предната страна и зборот „Браво“ на грбот.
На пример, пред четири години во Токио, спортистите добиваа мал букет жолти, зелени и сини цвеќиња, кои требаше да го симболизираат издигнувањето на Јапонија од разорниот земјотрес и цунами во 2011 година, во кои загинаа или исчезнаа околу 20.000 луѓе.
Цветовите се одгледуваа најмногу во три префектури кои беа особено погодени во тој настан.
Во Атина 2004 година, медалистите добија ловоров венец - антички грчки симбол на триумф.
Извор:
News.stv.tv
Фото:
Instagram